Најголемата криптовалута во светот, биткоинот падна под 40.000 долари минатата вечер, првпат во последните 14 недели, бидејќи продолжи големата распродажба што започна пред седум дена.
Според податоците на CoinDesk, биткоинот изгубил над 13% од својата вредност и падна на 38.585 долари. Тоа е најниско ниво од деветти февруари, кога последен пат се тргуваше по цена пониска од 40.000 долари.
Продажбата беше поттикната од негативните вести минатата недела, кога извршниот директор на Тesla, Илон Маск, објави дека компанијата го прекинала купувањето на своите возила со биткоин, повикувајќи се на еколошки проблеми во врска со процесот на “рударење“ што троши огромна количина електрична енергија.
Коментарите на Маск доведоа до фактот дека над 300 милијарди долари беа избришани од целиот пазар на криптовалути тој ден. Најавата за суспендирање на плаќањата со биткоин следеше само три месеци откако Теsla откри дека купил биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и дека ќе започне да ја прифаќа оваа валута како платежно средство.
И покрај последниот пад, биткоинот е сè уште во минус за повеќе од 40 % од почетокот на годината до денес, додека во последните 12 месеци тој доби 320 %.
Во последните 24 часа, околу 280 милијарди долари беа избришани од целиот пазар на крипто-валути, пренесува CNBC.











