Европската унија отвора граници за целосно вакцинирани лица, пренесува новинската агенција АФП. Европската унија се очекува целосно да ги отвори своите граници за целосно вакцинирани до почетокот на јуни.
Поради масовната вакцинација низ земјите-членки на ЕУ, Европската комисија одлучи дека е време да се олеснат мерките за патување. Сепак, според медиумите, во случај на нагло влошување на состојбата во некоја од земјите или регионите, тие се подготвени повторно да воведат строги мерки.
На состанокот во Брисел, дипломатите, исто така, се согласија да го зголемат бројот на нови случаи коишто може да ги достигне една земја пред да биде прогласена за небезбедна. Оваа промена може да овозможи патување во ЕУ од повеќе земји. Потсетуваме, Европската унија признава четири вакцини – Pfizer, Astra Zeneca, Moderna и Johnson & Johnson.











