За 44,5% намален бројот на превезени патници во патниот превоз

54

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.158.000 во првото тримесечје од 2021 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 44,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42,8%, во приградскиот превоз за 45,3%, во меѓуградскиот превоз за 51,7%, а во меѓународниот превоз за 60,3%.

Во првото тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 66,2%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 86,8%, во приградскиот превоз за 68,2%, во меѓуградскиот превоз за 58,5%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 49,6%.

Фото: Pexels