Инвеститор тврди – биткоинот оди кон 500.000 долари

Иако биткоинот беше цел на голема распродажба во последните денови, познатата инвеститорка Кети Вуд, извршен директор на Ark Investment Management, предвидува дека неговата цена ќе се искачи на 500.000 долари.

Вуд рече дека биткоинот сега е “на продажба“ и додаде дека дури и по вчерашниот пад на криптовалутите, тој не е нужно на дното.

Таа го опишува пазарот како “емотивен“.

За време на интервјуто, Вуд кратко одговори на загриженоста на животната средина на Маск додека се рудари биткоин, објаснувајќи дека усвојувањето на сончевата енергија во рударството ќе се забрза драматично. 

Фото: Pixabay