ЕУ објави црна и сива листа на даночни оази, ја има ли Македонија?

Европската унија објави листа од 17 земји што се сметаат за даночни оази, односно црна листа на некооперативни јурисдикции во смисла на даночни измами.

На листата се најдоа: Американска Самоа, Бахреин, Барбадос, Гренада, Гуам, Јужна Кореја, Макао, Маршалски острови, Монголија, Намибија, Пала, Панама, Света Лусија, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис и Обединети Арапски Емирати.

Објавена е и сива листа од 44 земји, коишто се обврза да се ускладат со ЕУ по прашања поврзани со борбата против даночните измами, на којашто се наоѓаат: Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Хонгконг, Швајцарија, Турција, Бермудски острови, Кајмански острови…

На црната листа, како што пренесува Дојче Веле, го нема Луксембург којшто меѓународната мрежа на новинари го обвини дека и понатаму толерира лажни компании и даночни шеми.

Фото: Pexels