Ralph Lauren очекува скок на приходите за 150%

Ralph Lauren предвидува годишен раст на приходите, којшто е под очекувањата на аналитичарите. Од компанијата велат дека тоа било поради затворање на продавниците и неизвесноста околу пандемијата откако бројни земји се соочија со новиот бран на коронавирусот, јавува Ројтерс.

Модниот бренд очекува нивните годишни приходи да пораснат за 140 до 150%, во споредба со падот минатата година кога поголемиот дел од продавниците беа затворени. Но, компанијата предупреди на последиците од блокадата и ограничувањата на неколку клучни пазари, како што се европскиот и оној во Јапонија.

Во меѓувреме, глобалната индустрија на луксузни производи закрепнува многу побрзо од очекуваното. Минатиот месец европските конкуренти на компанијата, вклучувајќи ги LVMH, Hermes и Gucci, рекле дека има голема побарувачка за луксузни парчиња облека и чанти.

Нето приходите на Ralph Lauren се зголемени за 1% на 1,29 милијарди долари во четвртото тримесечје од минатата година и ги надмина очекувањата од 1,21 милијарда долари.

Приходите во Северна Америка се намалени за 10% на 569 милиони долари од првичните прогнози од 599,4 милиони долари.

Фото: Facebook