Вкупните инвестиции на Русија во земјите од Централна Азија достигнуваат 50 милијарди долари.
Ова покажува дека Москва нема намера да го напушти регионот, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко.
“Трговско-економската соработка со земјите од Централна Азија рапидно се развива. Износот на кумулативни руски инвестиции се приближува до бројката од 50 милијарди долари, од кои 36 милијарди долари се вредноста на инвестициите во Казахстан, околу 10 милијарди долари во Узбекистан и 1,5 милијарди долари во Таџикистан “, рече Руденко.
Тој додаде дека овие бројки ги негираат тврдењата дека Русија наводно нема економски интерес во Централна Азија и го изгубила интересот за оваа област.
“Регионот на Централна Азија беше и останува една од клучните зони на интерес на руската надворешна политика во евроазискиот простор. Русија има намера да продолжи со активно учество во тој процес и на билатерална и на мултилатерална основа”, рече Руденко.
Фото: Pixabay











