Од седми јуни се отвара уште една земја за туристи кои не се граѓани на ЕУ

Шпанија ќе им дозволи на луѓето кои не се од земјите членки на Европската унија, а се вакцинирани против Ковид-19, да влезат во Шпанија од седми јуни, изјави денеска шпанскиот премиер, Педро Санчез.

“Новото правило ќе се применува на вакцинираните патници без оглед на нивната земја на потекло“, рече Санчез, наведувајќи ги САД како пример, пренесува Ројтерс.

Сепак, тие мора да имаат сертификат со кој се докажува дека примиле вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО).

Фото: Pixabay