Цените на нафтата на светските пазари минатата недела забележаа пад, првпат по тринеделниот раст, бидејќи инвеститорите се плашат од заострување на монетарната политика во САД и зголемениот извоз на нафта од Иран.
На лондонскиот пазар, цената на барел минатата недела се намали за 3,3,% на 66,44 долари, додека на американскиот пазар поевтини за 2,7% на 63,58 долари.
Поддршка на цените им даваат вестите за повторно отворање на економиите на САД и Европа, благодарение на забрзаниот процес на вакцинирање против коронавирусот.
Од друга страна, трговците се загрижени бидејќи во Азија побарувачката за нафта би можела побавно да расте од очекуваното поради раст на бројот на заразени во Индија, Тајван, Виетнам и Тајланд и воведување на нови ограничувања.
Фото: Pexels











