Светски познатата платформа за изнајмување сместување, Airbnb, предвидува враќање на патувањето, но различно од досегашното.
Компанијата забележа голем скок во резервациите за одмор. Во првите три месеци од годината, американските резервации го надминуваат нивото пред пандемија, што значи дека луѓето се подготвени повторно да патуваат, бидејќи состојбата со короната се стабилизира и расте бројот на вакцинирани.
Постои постојан напредок во работењето во Велика Британија и Франција. Побарувачката за годишни одмори се зголеми, бидејќи некои земји ги повлекуваат забраните воведени како превентивни мерки поради пандемијата. Вредностите на резервациите скокнаа за 52% на 10,3 милијарди долари, бидејќи клиентите избраа подолгорочно сместување и рурални локации.
Сепак, иако приходите на Airbnb пораснаа на 886,9 милиони долари во првиот квартал (јануари-март), тој исто така објави нето загуба од 59 милиони долари како резултат на отплата на заемите поврзани со Ковид-19. Фирмата со седиште во Сан Франциско се справи добро во споредба со другите угостителски компании, а потрошувачите покажаа склоност кон повеќе простор и имот надвор од градските средини за време на пандемијата.
Фото: Pixabay











