Цените на нафтата на меѓународните пазар пораснаа над 67 долари, поради потенцијалните пречки во оживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.
На лондонскиот пазар цената на барел порасна за 1,25 долари и изнесуваше 67,69 долари, додека на американскиот пазар еден барел поскапе 1,15 долари и се тргуваше по 64,73 долари.
Цените на нафтата минатата недела се намалија за 3%, откако иранскиот претседател Хасан Рохани соопшти дека САД се спремни за укинување на санкции што се поврзани со нафтениот, банкарскиот и бродскиот сектор.
Фото: Pexels