Корона кризата ќе ја чини Австрија 175 милијарди евра

Минатата 2020 година ќе влезе во економските книги за историја низ целиот свет, а особено во Австрија, како една од најтешките економски години по Втората светска војна.

Според анализа на работната група Агенда Австрија, загубите во државата за периодот од 2020 до 2024 година ќе изнесуваат околу 140 милијарди евра.

Ако таа бројка ги вклучува средствата што државата ги инјектирала за да ја стабилизира економијата, тогаш тоа е повеќе од 175 милијарди евра.

“Загубите во однос на очекувањата од периодот пред короната се огромни”, посочува Агенда Австрија.

Анализата укажува на тоа дека Австрија нема да го достигне нивото пред кризата повторно до 2022 година, што значи подоцна од другите земји.

Фото: Pixabay