Здружението Мултилингвална и мултикултурна хармонија во партнерство со катедрата за комуникации и маркетинг на универзитетот Поинт Парк во Питсбург, Пенсилванија, денеска во Охрид ќе го претстави проектот Интегриран маркетинг комуникациски (ИМК- ИМЦ) план за промоција на Охридско-струшкиот регион наменет за американски пазар.
Проектот што е замислен во насока на промоција на Охридско-струшкиот регион на американскиот пазар е насочен кон таргет-групата Бејби бум генерација од САД. На презентацијата ќе биде најавен планот што ги содржи клучните наоди и препораки кои се резултат на двомесечната теренска работа на тимот Шест Пионери под менторство на професорите Јохан Ејсел и Стефан Гребински, како и препораки за начините за имплементација на планот. Презентерите ќе ги споделат и своите искуства од оваа уникатна едукативна размена, како и плановите за натамошнатата соработка со Универзитетот Поинт Парк, јавува Миа.
Проектот е дел од активностите на невладината организација Мултилингвална и мултикултурна хармонија за економски развој преку едукативна и културна размена со Америка, а поддржан е од Поинт Парк универзитетот, проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Ротари клубот на Охрид, Ротаракт Клубот, Хотел Горица, Македонска Мисија за Хуманост.