БиХ воведува данок за Facebook, Google, YouТube…

63

Комисијата за финансирање и буџет на Босна и Херцеговина едногласно усвои иницијатива Советот на министри да подготви измени на Законот за додадена вредност во правец на регулирање на данок на дигитални услуги.

Данокот во БиХ би го плаќале и компании како што се Facebook, Google и YouTube.

“Ако данок плаќаат некои наши мали компании, нема причина данок да не платат и Facebook, Google и YouTube“, вели Саша Магазиновиќ, пратеник во Парламентот на БиХ.

Со оваа иницијатива се задолжува Советот на министри во рок од 60 дена да подготви и да достави закон за данок на дигитални услуги.

“Големите светски технолошки дигитални компании во последните неколку години значително го зголемија рекламирањето, посредување и продажба на податоци за кориснички интерфејс во БиХ. Но, според достапните информации за тие услуги што ги даваат не плаќаат данок во Босна и Херцеговина“, се наведува во образложението.

Фото: Pexels