Светска банка (СБ) ја подигна проценката за раст на руската економија за оваа година, оценувајќи дека закрепнувањето на економијата зема замав, покажува извештајот на СБ.
Оттаму сега очекуваат рускиот бруто домашен производ да порасне за 3,2% оваа година, со што ја подигнуваат оценката од март којашто беше 2,9%.
За следната година предвидуваат раст од, исто така, 3,2% како што оценуваа во март.
По падот од 3% во 2020 година, под притисок на пандемијата и падот на цените на нафтата, руската економија е на пат да закрепне, а под влијание на вакцинирањето ќе закрепне и побарувачката.
Рускиот банкарски сектор досега беше отпорен, а пазарот на труд почна да покажува знаци на подобрување до крајот на 2020 година, но не се позиционираше на нивото пред пандемијата, оцени Светска банка.
Фото: Pexels











