Instagram, апликација за споделување фотографии, воведува нова опција којашто на корисниците им овозможува да го сокријат бројот на лајкови на објавите, е опција што наскоро ќе биде достапна и на Facebook.
Корисниците на Instagram ќе може да го сокријат бројот на лајкови на сите постови, а тоа ќе биде возможно и на Facebook во следните неколку недели.
Во разговор со новинарите, шефот на Instagram, Адам Мосери, рекол дека целта е да им се даде на луѓето контрола на нивното искуство со апликацијата.
Тестирањето на новата опција не покажа големи промени што се однесува на психолошката состојба на корисниците.
Instragram неодамна спроведе тестирање така што на мал број на корисници им даде можност да изберат да стои бројот на лајкови или да биде сокриен. Резултатите покажуваат дека за некои од корисниците тоа било корисно, додека на други им пречело што не можат да ги имаат предвид бројките.
Фото: Freepik