И официјално Amazon го купува MGM за 8,45 милијарди долари

36

Американската компанија за електронска трговија, Amazon соопшти дека го купува филмското студио MGM за 8,45 милијарди долари, со што ќе стекне голема архива на филмови и телевизиски емисии и ќе ја заостри конкуренцијата на стриминг пазарот, во којшто лидери се Netflix и Disney +.

Филмската куќа Metro Goldwyn Mayer (MGM), основана во 1924-та година, ја има франшизата за Џејмс Бонд, кабелскиот канала Epic и продуцира популарни телевизиски емисии, пренесува Ројтерс.

Ова е втората најголема аквизиција на Amazon после преземање на компанијата Whole Foods Market, што ја купи за 13,7 милијарди долари за 2017 година.

Цената по којашто MGM се продава е околу 37 пати повисока од проценетата добивка пред оданочување за 2021 година.

Amazon во април претстави рекордна квартална добивка четврти квартал по ред и се пофали дека има повеќе од 200 милиони претплатници за својот Prime Video Service.

Фото: Facebook