Фестивалот Exit и српското Министерство за здравство започнуваат заедничка кампања Нема веќе да играм сам/а и Има ли некој подобра идеја?, насочена кон поттикнување на вакцинацијата против коронавирусот.
Како скромен знак на благодарност кон медицинските работници кои повеќе од година дена стојат на првата линија на фронтот во борбата против коронавирусот, Exit ќе подари 3.000 влезници за отворањето на фестивалот на осми јули.
Покрај тоа, како дел од оваа соработка, Министерството за здравство ќе обезбеди вакцини за 1.500 странски изведувачи и посетители на Exit, што ќе им помогне на граѓаните на земјите кои во моментот немаат доволно вакцини.
Тие исто така наведуваат дека вакцинацијата може да даде дополнителен придонес за општата и безбедноста на фестивалот годинава.
Министерот за здравство, Златибор Лончар, исто така, ја истакнал важноста на кампањата за вакцинација.
“Ги повикувам сите млади што побрзо да се вакцинираат, бидејќи сега од нив зависи колку брзо ќе можат да се вратат на активностите што најмногу ги сакаат, вклучително и концертите и фестивалите“, рече Лончар.
Како дополнителен поттик за кампања за вакцинација, музичките фестивали неодамна претставија безбедносен протокол, кој предвидува дека само оние кои биле вакцинирани, имаат сертификат дека прележале коронавирус или имаат негативен ПЦР тест, ќе можат да влезат на фестивалите.
Овој протокол, кој беше испратен до Владата на Србија и Кризниот штаб за усвојување, се заснова на најновото научно истражување ширум Европа, кое докажа дека, со наведените ограничувања при влегување во настани, ризикот од ширење на инфекцијата е речиси занемарлив.
Основачот на фестивалот Еxit, Душан Ковачевиќ, рече дека со наведените ограничувања, фестивалите ќе бидат најбезбедно место за собирање во земјата.
Фото: Facebook










