Астронаутите во иднина најверојатно ќе можат на Месечината да користат WhatsApp и да гледаат преку Netflix.
Immarsat е една од неколкуте британски компании што ги задолжи Европската вселенска агенција за создавање телекомуникации и ГПС навигација за на Месечината.
Се наведува дека такво нешто би било можно до 2028 година, кога интернет сателити би кружеле околу Месечината.
За следната деценија се планирани повеќе мисии во коишто луѓе ќе се вратат на земјиниот сателит од 1972-ра година.
Фото: Pexels











