Facebook веќе нема да забранува објавување на теории што тврдат дека коронавирусот е создаден вештачки, во момент кога во САД повторно се расправа околу хипотезата според која вирусот е создаден во лабораторија во Кина.
“Во светло на истрагата што се води околу потеклото на Ковид-19 и во договор со здравствените експерти, веќе нема да ги отстрануваме објавите од нашата платформа поврзани со тоа дека Ковид-19 го создаде човек и дека е произведен“, истакна Facebook на својата официјална страница.
Оваа социјална мрежа што ја користат околу 3,45 милијарди луѓе, на најмалку една од своите четири платформи (Facebook, Instagram, Messenger и WhatsApp) постапува спротивно на претходните правила за дезинформации во време на пандемија коишто уште во февруари беа актуелизирани.
Twitter уште не го променил правилото за дезинформации поврзани со коронавирусот.
Фото: Pexels











