Извозот на швајцарски часовници полека се доближува до нивото од пред пандемијата откако се соочи со најголемиот годишен пад поради кризата. Најголем удел во зголемениот извоз, според Bloomberg, има зголемената побарувачка во САД и Кина.
Испораките на часовници порасна за 2% на две милијарди долари во април, во однос на истиот период во 2019 година, покажуваат податоците на швајцарската федерација на часовници. Извозот почнал да закрепнува од март.
Во текот на минатата година, снабдувањето со часовници беше намалено за 22% бидејќи беше затворен и туризмот поради ширење на пандемијата, што ги принуди и продавачите да стават клуч на врата.
Се очекува следните два месеци да бидат пресудни за зацврстување на позитивниот тренд. Досега резултатите се идентични со оние од пред две години.
Првиот човек на Swatch AG, Ник Хаек рекол дека очекува “огромен пораст“ на побарувачката доколку луѓето повторно можат да патуваат ова лето.
Производителите на часовници беа меѓу најсилно погодените компании за луксузни производи во текот на пандемијата поради високите фиксни трошоци за производство. Добивката на таквите компании не е стабилна, бидејќи кога работат со полн капацитет, управување со фиксните трошоци е многу полесно.
Фото: Pexels











