Цената на превоз на стоки со контејнерски бродови во Европа од Азија надмина 10.000 долари, што се случува за првпат во историјата, пишува Bloomberg.
Податоците покажуваат дека цената на 12-метарски контејнерски брод од Шангај до Ротердам се зголеми на 10.174 долари, што е за 3,1% повеќе во однос на претходната недела и 485% на годишно ниво. Светскиот индекс на контејнери, што вклучува осум главни рути, бележи пораст за 2% во однос на минатата недела на 6.257 долари и 293% на годишно ниво.
Цените на контејнерскиот транспорт растат бидејќи е зголемена побарувачката за контејнери од шест и 12 метри, во коишто се транспортира голем дел од светските производи.
Порастот, во исто време, е поттикнат и од блокадата на Суецкиот канал на крајот на март, што предизвика доцнење и повисоки цени за транспорт на бродските компании.