Франција е во рецесија

Втората најголема економија во еврозоната, Франција е во рецесија во првиот квартал од оваа година.

Тамошниот завод за статистика го ревидираше претходниот извештај за раст за 0,4% со напомена дека градежниот сектор би можел да биде послаб од прелиминарните податоци.

Во четвртиот квартал од минатата година, француската економија се намали за 1,5%.

Домашната потрошувачка, којашто е генератор на економската активност во Франција, е намалена за 8,3% во првиот месец од вториот квартал, откако претседателот Емануел Макрон нареди трет карантин на национално ниво поради пандемијата.

Фото: Pexels