Најголеми извозници на чоколадо во светот

Минатата година помина во знакот на пандемијата, што влијаеше и врз извозот на чоколадо во светот. Најголем извозник минатата година беше Германија, што е 4,17% помалку одошто во 2019 година. Од продажба на чоколадо на странски пазари, Германија лани заработи 4,96 милијарди долари и имаше удел од 20,28% на глобално ниво.

Втор најголем извозник на чоколадо лани беше Белгија со заработени 2,50 милијарди долари или 20,37% помалку одошто во 2019 година, покажуваат податоците на The Tridge.

Меѓу петте најголеми извозници на чоколадо во светот беа и: Италија (2,10 милијарди долари), Холандија (1,85 милијарди долари) и Канада (1,62 милијарди долари).

Фото: Pexels