Германија е најголем извозник на сладолед во светот, со инкасирани 601,9 милиони долари во 2020 година. Тоа, според податоците на Tridge, значи пораст од 8,59% во однос на 2019 година. Најголемата европска економија има 16,1% учество во вкупниот извоз на сладолед на глобално ниво.
Втор најголем извозник на сладолед во светот е Франција со 416,68 милиони долари или 25,84% помалку одошто во 2019 година. Оваа земја во вкупниот извоз на сладолед има учество од 11,14%.
Меѓу петте најголеми извозници на сладолед во 2020 година беа и: Белгија (415,88 милиони долари), Холандија (344,34 милиони долари) и Италија (269,46 милиони долари).
Фото: Freepik











