Tesla доцни со испорака

206

Испораките на новиот модел на Tesla, Model S Plaid се одложени за една недела и ќе почнат на 10-ти јуни. Тоа го најави извршниот директор на американскиот производител на електрични модели, Илон Маск.

На автомобилите им е потребна “уште една недела за фино поседување“, напишал Маск. Model S Plaid, за којшто се очекува да биде најбрз модел на компанијата, требаше да биде претставен за купувачи во фабриката во Калифорнија.

Според Маск, автомобилот ќе биде како “вселенски брод“, додавајќи дека Model S Plaid ќе биде најбрзиот автомобил што може да забрза до 100 километри за две секунди.

Фото: Tesla