Поголем прилив на странски туристи во Грција се очекува на крајот на јуни или на почетокот на јули, оцени заменик претседателката на грчката унија на хотелиери, Кристина Тетради.
Таа изјави дека во мај скоро и да немало туристи, но дека почнало закажување на аранжмани за јуни, бидејќи многу хотели го одложиле отворањето на првата половина на следниот месец, пренесуваат грчките медиуми.
Околу 10% од хотелите веќе се отворени, но поголемиот дел очекуваат ситуацијата да биде чиста кога станува збор за најголемиот број на туристи кои престојуваат во грчките хотели – станува збор за гости од Велика Британија, Германија, Русија и скандинавските земји.
Важен датум за Грција е седми јуни, кога Велика Британија ќе одлучува дали ќе биде “зелена зона“, што значи дека нејзините граѓани нема да мора по враќање да одат во карантин.
Сезоната бавно почнала и на Родос, каде се отворени само 25 од 650 хотели, а една четвртина се отворени на Крит.
Фото: Pexels











