Грант од 1.220.000 денари за општина Вевчани

64

00662100405E0C48A6723EA3BC6DC203Општината Вевчани доби грант од 1.220.000 денари за изградба на пристапен пат до новоизграденото училиште Страшо Пинџур. Грантот го додели Министерството за финансии, а станува збор за средства од Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Светска банка.

Пристапниот пат до објектот кој ќе се поврзе со асфалтниот пат во општината ќе овозможи од септември годинава да се пушти во употреба новото училиште во кое ќе учат 250 ученици од прво до девето одделение.

Од 2006 година, па се досега наставата се одвиваше во општинската зграда во Вевчани, каде просторот не ги задоволуваше критериумите за водење настава.

Вкупниот фонд на Проектот за подобрување на општински услуги, кој се реализира преку Министерството за финансии, изнесува 56,1 милиони евра. Тој започна со имплементација во август 2009 година, а ќе трае до ноември 2017 година.

Вкупно 28 општини досега имаат склучено по еден или повеќе договори за под-заем со Министерството за финансии и имаат започнато со имплементација на своите проекти. Останатите 13 општини кои изразиле интерес се во постапка на подготовка на проектна документација .

Проектот за подобрување на општинските услуги предвидува и доделување на инвестициски грантови за општините кои имаат завршен проект финансиран со под-заем. Грантовите се доделуваат како поттик и награда на општините за успешното спроведување на реформски активности предвидени со проектот.