Осоговско-малешевскиот и охридско-преспанскиот регион утре ќе бидат во портокалова фаза. Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник поголем дел од територијата на државата и натаму ќе биде во жолта фаза.
Во осоговско-малешевскиот и охридско-преспанскиот регион се очекуваат температури од 36 степени, кои се повисоки од вообичаените за овој период од годината за овие два региона.
Министерството за здравство препорачува во вторник да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.
Се препорачува на работодавците во овие денови да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работат на отворено со тоа што ќе се одбегнуваат активности во периодот од 11 до 16 часот.
Установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.
Од среда се очекува мало намалување на температурите во целата држава.