Стоте најголеми компании во светот заедно достигнаа вредност од 31,7 илјади милијарди долари, на крајот на март оваа година, што е за 48% повеќе во споредба со истиот период лани. Само за споредба, како што напоменува Visual Capitalist, бруто домашниот производ на Кина и САД лани беше 35,7 илјади милијарди долари во текот на минатата година.
Според податоците на PricewaterhouseCoopers, компанија со најголема пазарна капитализација е технолошкиот гигант Apple со вредност од 2.100 милијарди долари. Зад него се најде најголемата нафтена компанија од Саудиска Арабија, Saudi Aramco со пазарна капитализација од 1.900 милијарди долари, а на трето место е уште една компанија од САД – Microsoft, чија вредност се проценува на околу 1.800 милијарди долари.
Од 10-те највредни компании, дури седум се од САД, една од Саудиска Арабија (Saudi Aramco) и две од Кина (Tencent и Alibaba).
Нивниот редослед според пазарната капитализација изгледа вака:
Amazon – 1.600 милијарди долари
Alphabet – 1.400 милијарди долари
Facebook – 839 милијарди долари
Tencent – 753 милијарди долари
Tesla – 641 милијарда долари
Alibaba – 615 милијарди долари
Berkshire Hathaway – 588 милијарди долари
Податоците покажуваат дека 59 од вкупно 100 најголеми компании имаат седиште во САД, што е 65% од вкупниот број на компании со најголема пазарна капитализација. Кина е на второ место со 14 компании.
Анализирано според сектори, најголем удел имаат компаниите од технолошкиот сектор (20 на број) со вкупна пазарна капитализација од 10,5 илјади милијарди долари.
Фото: Visual Capitalist











