Rimac Automobili следната година планира да котира на берза, пренесува Ројтерс.
Но, хрватскиот производител на електрични автомобили за хрватските медиуми вели дека одлуката уште не е донесена.
Извори добро упатени во ситуацијата, велат дека компанијата би достигнала вредност од околу пет милијарди евра. Не се наведува каде би се одвивала иницијалната јавна понуда, но најверојатно тоа нема да биде хрватската берза.
Заедно со Porsche, којшто во март во Rimac Automobili инвестираше 70 милиони евра и со тоа го зголеми сопственичкиот удел на 24%, наскоро ќе го преземе Bugatti. Според германски Manager, Римац ќе преземе 55%, а Porsche 45% од акциите.
Фото: Facebook