Хуманитарната организација на најголемиот светски трговец со мебел, Ikea и американската организација Rockfeller објави дека оваа година планираат да формираат фонд од милијарда долари којшто ќе инвестира во програми поврзани со обновливи извори на енергија во земјите во развој.
Со фондот ќе се финансираат програми за намалување на милијарда тони емисија на штетни гасови и воедно на милијарда луѓе да им обезбеди енергија од обновливи извори.
Секоја организација ќе обезбеди по 500 милиони долари ризичен капитал, а целта е оваа година да се привлечат дополнителни средства од 10 милијарди долари од меѓународни агенции за развој.
Фото: Pexels