“Црвено злато“ чини скоро седум евра за килограм

33

Еден од најпознатите српски брендови, малината или како што се нарекува “црвено злато“ оваа година во малопродажба достигна цена и до скоро седум евра. Тоа е два до трипати повеќе од актуелната цена од две до 2,50 евра за килограм колку што производителите добиваат од откупувачите, пренесува српска Политика.

Српската малина и оваа сезона, како што се наведува, ќе биде недостапна за поголемиот број домаќинства во земјата.

Оваа ситуација се повторува со години, а најдрастична промена на пазарот имаше во 2017 година, кога малопродажната цена беше дури седум пати повисока од откупната.

Во тоа време, пакување малини од 125 грама чинело над едно евро, додека на производителите им понудиле исто толку за откуп, но за килограм.

Фото: Pexels