Русија: Им се ограничува можноста за работа на оние кои не се вакцинирани

78

Официјален Кремљ објави дека луѓето кои не се вакцинирани против коронавирус и они кои не стекнале имунитет, нема да може да работат на своите работни места во Русија.

“Реалноста е таква што сигурно ќе дојде до дискриминација. Невакцинираните лица и оние без имунитет нема да може да работат насекаде. Тоа не е возможно, ќе претставуваат закана за сите околу себе“, рекол Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Рускиот претседател, Владимир Путин предупредил дека ситуацијата со коронавирусот во некои региони се влошува, а властите почнале да промовираат кампања за вакцинирање со цел да спречат нов бран.

Властите настојуваат да ги натераат луѓето да се вакцинираат, наградувајќи ги со можност за добивање стан или автомобил. Оние кои не сакаат да се вакцинираат, може да се соочат со пониска плата или отказ.

Фото: Pexels