Зошто Роналдо не може да го продаде луксузниот апартман на Менхетен

226

Кристијано Роналдо го продава својот апартман во познатата кула на њујоршката Петта авенија, Trump Tower, но со голема загуба.

Фудбалската ѕвезда плати 18,5 милиони долари за апартман од 230 квадратни метри во 2015 година, а веќе во 2019 година го објави на продажба за девет милиони долари откако навивачите потпишаа петиција во која го повикуваат да се дистанцира од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Сепак, поради пандемијата и недостатокот на понуди, тој дополнително ја намали цената. Роналдо ја намали цената за повеќе од половина од откупната цена, а сега го продава луксузниот имот за 7,75 милиони долари.

Неможноста фудбалската sвезда да го продаде луксузниот апартман е помалку поврзана со неговиот ентериер, а повеќе со падот на вредноста на сè што е во сопственост на Доналд Трамп.

Според анализата на компанијата за недвижнини UrbanDigs од јануари 2021 година, недвижниот имот на Менхетен со брендот Трамп изгубил повеќе од 20% од својата вредност откако Доналд Трамп ја презеде функцијата претседател. За споредба, вкупниот пад на цената на метар квадратен во Менхетен во истиот период беше само 9%.

Фото: Facebook