Британско – американскиот оператор за крстарења, Carnival Corp во второто фискално тримесечје го заврши со загуба од 2,1 милијарда долари поради забрана за патувања во време на пандемија.
Приходите на операторот за крстарења биле сведени на минимум поради забраната за пловидба што ја издаде американскиот Центар за контрола и превенција од болести. Компаниите беа принудени да се задолжат со милијарда долари и да продаваат бродови за да не го затворат својот бизнис.
Во тримесечниот период заклучно со мај, Carnival Corp забележа загуба од 2,1 милијарда долари. Во истиот период лани, загубата на компанијата беше 4,37 милијарди долари.
Билансот на крајот на второто фискално тримесечје покажа 9,3 милијарди долари готовина и краткорочни инвестиции, што е за една петтина помалку одошто на крајот на првото фискално тримесечје во коешто се вложија големи износи на пари за подготовка на бродовите за патување.
Компанијата очекува загуба и во актуелното тримесечје.
Фото: Facebook