Кованица од пет фунти во чест на принцот Филип

84

Во Велика Британија е претставена кованица од пет фунти со ликот на Војводата од Единбург, принцот Филип.

Станува збор за посебна и ограничена серија на кованици на коишто е поставен портретот на принцот Филип.

Дизајнот на паричката принцот Филип го одбрил во 2008-ма година, а почина во април годинава, пренесува ВВС.

Британскиот министер за финансии, Риши Сунак изјави дека кованицата е “соодветна почест“ за починатиот принц, кој “поттикнал и инспирирал многу луѓе ширум светот во текот на неколку децении служба во Велика Британија и на кралицата Елизабета Втора“, со која беше во брак.

“Горд сум што можам да ја претставам кованицата на Денот на оружените сили, со оглед на неговата угледна морнаричка кариера и посветеност на нашата кралица и на своите кралски должности“, рекол Сунак.

Кованицата е изработена за колекционерски цели и нема да биде пуштена во масовна употреба.

Фото: Facebook