Извозот на домати лани ни донесе 9,8 милиони долари

69

Македонија е 42-ра земја во светот по извоз на домати, којшто минатата година достигна вредност од 9,8 милиони долари или 14,6% помалку одошто во 2019 година.

На глобално ниво, извозот на домати минатата година достигна вредност од 9,8 милијарди долари, што е за 7,2% повеќе во споредба со 2019 година.

Петте најголеми извозници на домати (Мексико, Холандија, Шпанија, Мароко и Канада) генерираат 69,3% од вкупниот извоз во 2020 година, покажува анализата на World’s top exports.

Мексико е лидер со 2,6 милијарди долари извоз на домати, што е 26,5% од вкупниот извоз на овој зеленчук во светски рамки.

Од земјите во регионот, најголем извоз на домат има Албанија (24-та) со извоз од 33,2 милиони долари. Потоа следат: Бугарија (13,5 милиони долари), Грција (12,3 милиони долари), Хрватска (8,8 милиони долари), Србија (2,8 милиони долари), Словенија (2,7 милиони долари) и Босна и Херцеговина (107.000 долари).

Фото: Pexels