Најголеми извозници на ананас во светот

71

Извозот на ананас во светот минатата година достигна вредност од 2,1 милијарди долари што е пад од 5,5% во споредба со 2019 година.

Петте најголеми извозници (Костарика, Филипини, Холандија, САД и Белгија) опфаќаат околу 76% од глобалниот извоз на ананас во текот на 2020 година, покажува анализата на World’s top exports.

Костарика е извозник број еден во светот, покривајќи 44,4% од извозот на ананас на глобално ниво, со 922,7 милиони долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на ананас се и: Филипини (307,7 милиони долари), Холандија (189,8 милиони долари), САД (84,5 милиони долари), Белгија (75 милиони долари), Еквадор (59 милиони долари), Тајван (55,8 милиони долари), Хондурас (49,7 милиони долари), Гватемала (40,4 милиони долари) и Гана (31 милион долари).

Од земјите во регионот, Грција е најголем извозник на ананас (38-ма) со 1,7 милиони долари. Потоа следат: Словенија (651.000 долари), Хрватска (543.000 долари) и Србија (44.000 долари).

Фото: Pexels