Мексико забранува користење на криптовалути

59

Користењето криптовалути во мексиканскиот финансиски систем е забрането и таа одлука нема да биде променета во блиска иднина, соопшти министерот за финансии на Мексико, Артуро Херера.

“Криптовалутите не се легално средство за плаќање и не се третираат како валута во актуелната регулаторна рамка на земјата“, рекол Херера.

Неговата порака доаѓа непосредно откако мексиканскиот милијардер, Рикардо Салинас Плего, истакнат поборник за биткоинот, рекол дека работи на тоа Acteka bank да биде прва во Мексико којашто ќе ја прифати оваа криптовалута.

Фото: Pexels