Тајното оружје на Netflix е необичната компаниска култура, бидејќи многу рано сфативме дека она што ја прави компанијата одлично место за работа не се просториите за одмор и забава или бесплатни храна и пијалаци и сето она за што се зборува за гигантите од Силиконската долина. Сфативме дека луѓето сакаат да имаат прилика да носат одлуки. Ова го истакна Марл Рандолф, еден од основачите на глобалната платформа за онлајн стриминг, Netflix.
Тој е еден од најеминентните ментори и претприемачи ширум светот.
“Најдобрите луѓе, оние кои ги носат најдобрите одлуки, не гледаат премногу забава во тоа да доаѓаат на работа и да го работат она што некој друг одлучил. Тие ја сакаат својата работа затоа што имаат слобода сами да одлучуваат и да бараат решенија за проблемите. Тоа секако доаѓа со одговорност за таа одлука“, рекоч Рандолф.
Според него, луѓето имаат два вида одговорност, првата да постават вистински луѓе на вистински места и затоа многу време посветуваат на вработување, односно регрутација на таленти. Втората одговорност им е секој вработен да ги има сите потребни информации за да можат сами да носат добри одлуки.
Тој смета дека во Netflix владее “радикална искреност“ и исклучително високо ниво на транспарентност, каде сите ја знаат висината на платите, како и на финансиските резултати на компанијата.
“Имаме целосна доверба во своите вработени и затоа немаме политика на годишни одмори. Ниту политика на трошоци и политика на патувања. На нашите вработени им дозволуваме да одлучат и да направат најдобра проценка, бидејќи како ќе имаме доверба во нив при носење деловни одлуки вредни милиони долари, ако не веруваме дека можат сами да одлучат во која класа ќе патуваат или во кој хотел ќе престојуваат“, заклучува Рандолф, пренесува српски Блиц.
Фото: Pexels