Formula 1 (F1) доби нов спонзор, а тоа е платформата Cripto.com, којашто им овозможува на корисниците да купат и продадат криптовалути
Условите за постигнатиот договор не се објавени, но CNBC дознава дека станува збор за петгодишен договор вреден повеќе од 100 милиони долари.
Според договорот, брендот на компанијата cripto.com ќе биде истакнат на настаните на Formula 1, вклучувајќи ја и новата спринт серија, квалификационен формат што ги одредува стартните позиции на трките.
Покрај тоа, Cripto.com ќе добие слотови покрај патеката на F1 до крајот на сезоната. Оваа компанија ќе воведе и нова награда на трките на F1 Гранд при Белгија во август ќе стане нејзин NFT партнер. Инак NFT е кратенка од Non fungible token или во превод незаменлив токен, што претставува криптокрафски заштитен дигитален имот што се користи како средство за чување некаква вредност.
Договорот меѓу F1 и Cripto.com ќе стапи на сила на 17-ти јули, еден ден пред Големата награда на Велика Британија за оваа година на патеката Силверстоун.
Фото: Pixabay