Нова филијала на Тиго во Ретаил Поинт Парк во Чаир и најава за понатамошно проширување на продажната мрежа

212

Во присуство на локалната заедница, вработените и клиентите, вчера, финансиското друштво Тиго Фајнанс ја отвори својата најнова филијала во малопродажниот парк Поинт Ретаил Парк во општина Чаир. Со оваа филијала, компанијата успешно го заокружи процесот на експанзија за првото полугодие од годината, отворајќи 14 филијали ширум целата држава. Отворањето на филијалата во Ретаил Поинт Парк, како и останатите филијали отворени во текот на изминатиот период, доаѓа како резултат на сѐ поголемото побарување на клиентите за достапност на услугите на Тиго, но и како резултат на напорите и посветеноста на компанијата да излезе во пресрет на потребите на граѓаните за пристап до финансии на сите канали кои тие ги преферираат.

Имено, во рамките на  планот за експанзија за првите шест месеци од 2021, Тиго  отвори филијали низ целата државата, во Струга, Штип, Велес, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Свети Николе и Радовиш, шест во Скопје – Бит Пазар, Чаир, Кисела Вода, како и филијалите во маркетите на Електрометал во Маџари, Карпош и Драчево, во рамките на партнерската соработка, зголемувајќи го и бројот на нови вработувања, и уште еднаш потврдувајќи ја својата стратешка определба да биде сериозен и посветен партнер на локалните заедници во коишто делува.

“Навистина сме среќни што повторно успеавме да ги исполниме барањата на нашите клиенти и гордо можам да кажам дека го исполнуваме ветувањето што го поставивме на  почетокот на годината и успешно го заокружуваме процесот на експанзија кој го планиравме за првото полугодие од оваа 2021. Експанзијата продолжува со подеднаков интензитет и во претстојниот период, почнувајќи веќе следната недела со отворање на втора по ред филијала во Тетово. Со ова, покажуваме дека Тиго има јасни амбиции до крајот на годината да постигне најголема распространетост со физички точки ширум земјата преку кои, уште понепосредно ќе ги пресретнеме финансиските потреби на граѓаните“, изјави Филип Димитровски, извршен директор на Тиго Фајнанс.

За посветеноста кон потребите на клиентите и надминување на нивните очекувања, говори и уникатната понуда за прв бесплатен кредит со еднократна отплата на 30 дена за новите клиенти, што значи, клиентот ќе го врати истиот износ што го земал – без никакви трошоци, провизии или камати.

Паралелно со тоа, до 31 јули 2021, сите клиенти кои ќе земат кредит, стануваат потенцијални добитници на некоја од 10-те вредни награди – 1x IPhone 12, 2x лаптоп компјутери, 3x електрични тротинети или 4x паметни часовници.

Покрај филијалите ширум земјата, до услугите на Тиго клиентите можат едноставно да пристапат и онлајн на www.tigo.mk или да се информираат со јавување во контакт центарот на 13700, а аплицирањето е подеднакво брзо како и во филијалите. Клиентот добива одговор на апликацијата за само 30 секунди, додека исплатата во кеш се врши за само 10 минути, само со лична карта и без жиранти.