Договорот за измени на глобалниот даночен систем ќе ја ограничи даночната конкуренција и на земјите ќе им обезбеди околу 150 милијарди долари дополнителни приходи, коишто се повеќе од потребни во постпандемискиот период, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Преговорите за новиот даночен систем почнаа под покровителство на ОЕЦД пред скоро 10 години за да се утврди заедничка рамка за оданочување на мултинационални компании и да затворат даночни “дупки“ коишто на дигиталните компании им овозможуваат избeгнување на даночни обврски.
Предложената минимална глобална стапка на оданочување на компаниите од најмалку 15%, којашто би требало да ја ограничи даночната конкуренција и да овозможи заштита од даночни оази.
Фото: Pexels