ЕУ сака со дигитален данок да опфати стотина компании

61

Европската комисија во следните недели ќе предложи воведување на дигитален данок што ќе го плаќаат стотина поголеми европски компании, а приходот ќе се користи за финансирање на закрепнувањето од пандемијата.

Земјите од Европската унија минатата година договорија заеднички да се задолжат за 750 милијарди евра што ќе се насочат кон фонд за закрепнување од последиците на пандемијата.

Обврзниците што ги издава Европската комисија во име на земјите членки на ЕУ, парите ќе се враќаат 30 години, а ќе се надоврзат на воведување нови даноци, вклучувајќи ги оние на дигиталната економија и на емисијата на јаглерод диоксид.

Фото: Pexels