Словенечки трговци со автомобили во јуни оваа година забележаа значителен пад на продажбата на нови патнички возила во однос на истиот период лани.
Во јуни оваа година во Словенија се регистрирани 5.176 нови автомобили, што е за 21,16% или за 1.389 возила помалку одошто во јуни минатата година кога се продадени 6.565 единици, пренесува Seebiz.
Во првите шест месеци од оваа година, продажбата на автомобили во Словенија се зголеми за 9,69% на 31.009 единици во однос на истиот период лани кога се продадени 28.005 возила.
Во првата половина од оваа година најмногу се продадени SUV автомобили од различни големини и тоа 3.967 единици. Исто така, меѓу првите 10 најпродавани модели во Словенија се наоѓаат дури седум SUV модели.
Фото: Pеxels