Инвестиции во обновливи извори на енергија би отвориле 10 милиони работни места

55

Околу 13.000 проекти за производство на енергија од обновливи извори во земјите ширум светот бараат инвеститори, а би можеле да отворат и до 10 милиони работни места, покажува анализата на консултантската компанија Ernst & Young.

Проектите нудат прилика за инвестиции од 2.000 милијарди долари, а би биле отворени работни места на локално ниво. Дополнителна корист би била и намалената емисија на штетни гасови и “зелено“ закрепнување по пандемијата.

“Постои голем потенцијал за забрзани инвестиции на приватниот сектор во обновливи извори“, вели Серж Кол, советник за енергетика во Ernst & Young.

Доколку се реализираат во следните три години, производството на енергија од обновливи извори ќе се шири двојно побрзо од досегашното темпо. Тоа би значело дека 47 земји опфатени со истражувањето, би го исполниле даденото ветување.

Најголема потенцијална користи би имале работници од Кина и САД, каде што проектите би можеле да отворат околу два и 1,8 милиони работни места. Индија, Австралија, Бразил, Велика Британија и Канада, исто така, би имале можност да отворат стотина илјади нови работни места.

Фото: Pexels