Колку ќе заработи Ѓоковиќ од Вимблдон?

113

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го подигна победничкиот пехар на Вимблдон и ја освои 20-тата гренд слем титула во кариерата, со што се изедначи со Роџер Федерер и Рафаел Надал на врвот на вечната листа.

Подолу на листата се и Пит Сампрас со 14, Рој Емерсон со 12 и Бјерн Борг и Род Лејвер со по 11 освоени гренд слемови во кариерата.

Според официјалната статистика на АТР, Новак во кариерата освои 149.810.010 долари. Оваа година приходите на српскиот тенисер беа 4.135.635 долари, благодарение на титулите на Ролан Гарос и Аустралија Опен.

Пандемијата влијаеше на намалување на фондовите за награди, поради што беше намален и буџетот за Вимблдон, на којшто шампионот добива 2.399.520 долари, што е за 27,6% помалку одошто во 2019 година.

Што се однесува до неговата годишна заработка, првата календарска 2003-та година во сениорска конкуренција беше скромна со само 2.614 долари, а во 2007-ма година за првпат освои милионски износ, односно околу 3,4 милиони долари. До првата осумцифрена годишна заработка дојде во 2011-та година, а 2015-та година му е најуспешна бидејќи успеа да си додаде 19 милиони долари на своето богатство.

Фото: Facebook