Францускиот производител на вина, Moet Hennessy најави дека со италијански Campari ќе основаат заедничка компанија што би требало да биде водечка во електронска продажба на вина и алкохолни пијалаци.
Moet Hennessy, член на луксузниот гигант LVMH, заедно со Campari ќе имаат еднакви сопственички удели во компанија за интернет продажба, а ќе биде вклучена и интернет платформата Tannico.
Трансакцијата ќе биде реализирана со продажба на 50% удел на Campari во новата компанија на Moet Hennessy за 25,6 милиони евра, а би требало да биде заклучена откако компаниите ќе ги добијат потребните регулаторни дозволи.
Италијанската компанија во заедничката инвестиција ќе го пренесе уделот во Tannico, којашто ќе се фокусира на интернет продажба на вино и врвни алкохолни пијалаци под брендот Tannico, со удел во тој сегмент од 30%.
Новата компанија ќе ја води Марко Мањокавало, кој е актуелен претседател на компанијата Tannico, којашто ќе го задржи статусот на клучен малцински акционер.
Фото: Pexels