Европската комисија предложи ефективна забрана за продажба на нови автомобили на бензински и дизел погон од 2035 година.
Забраната ќе го забрза преминот кон електрични возила со нулта емисија на штетни гасови, пренесува Ројтерс.
Комисијата најави дека со закон ќе побара од земјите членки на Европската унија да ги прошират капацитетите за полнење на електрични возила.
Исто така, од нив се бара да инсталираат полначи за електрични возила и станици за полнење на главните автопати.
Фото: Pixabay